Опис на градот Прилеп

ПРИЛЕП Прилеп — град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во јужниот дел на Република Македонија, до него се стасува преку магистралниот пат М-5. Има 73.925 жители и површина од 1.675 км². Се наоѓа на 128 км од главниот град Скопје. Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко). Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско. Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името на градот Прилеп. Според едно предание на Марко Цепенков, луѓето кои почнале да се доселуваат, своите куќи ги граделе прилепени до калето на Марко, па поради прилепените куќи и градот го добил името Прилеп. Во истото предание се споменува дека градот бил прилебно место (место каде што се правел...