Опис на градот Охрид
ОХРИД
Охрид — град во југозападниот дел на Македонија со 42.033 жители. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим.Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид.Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.
Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Виа Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро.
Тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи и музеи:
- Икона од црквата Св. Климент во Охрид:
- Самуиловата тврдина (X/XI век)
- Галерија на икони-Охрид
- Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј - Куќите на Робевци и Христо Узунов
- Музеј на словенската писменост (XVIII век)
- Антички амфитеатар
- Спомен-куќата на Григор Прличев
- Светиклиментовиот универзитет и археолошките наоѓалишта на Плаошник


Comments
Post a Comment