Опис на градот Кратово
Кратово — град во североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Претставуа еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот. Во 2002 година имал 6.924 жители.
Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, помеѓу општините Крива Паланка, Пробиштип, Свети Николе, Куманово и Кочани, во западниот дел на планината Осогово, во кратер на изгаснат вулкан. Низ него тече Кратовска Река и три помали реки.

Климата е умерено континентална и планинска, поради надморската височина на градот. Во стругата на реката Крива се чувствува влијанието на Вардарската долина и Средоземјето.
Температурата на воздухот се разликува во летниот период во однос на зимскиот период. Максималната температура во летниот период е 38,5°С, а минималната во зимски период е -16,5°С, просечно температура изнесува 11,3 °С.
Врнежите се движат од 550 мм до 750 мм воден талог на 1м², во зависност од апсолутната височина. Најизразени врнежи има во април, мај, октомври и ноември, а најсушни се месеците - август, септември и февруари. Кратово спаѓа под влијание на југозападни ветрови кои доведуваат до топло и врнежливо време, а североисточните ветрови дуваат од планинските делови и условуваат суво и ладно време.
Comments
Post a Comment