Опис на градот Куманово

Куманово
Куманово — град кој се наоѓа на североисточниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 340 метри, распространет од двете страни на реките Липковка и Кумановка. Актуелен градоначалник на Општина Куманово е Зоран Дамјановски.
Според легендата името на населбата потекнува од името на воинственото племе Кумани кои во 1094 год. навлегле во овој крај и извесно време се задржале на територијата на денешната кумановска општина и пошироко. Други претпоставки за името не постојат.
Се претпоставува дека Куманово било основано во XII век во близина на селото Жеглигово, со цел да го чува преминот меѓу реките Вардар и Јужна Морава. Во 1519, во турските документи се спомнува како село во состав на Нагоричката нахија со 52 семејства и околу 300 жители. Како градска населба (касаба) се споменува во втората половина на XVII век.

Се претпоставува дека населбата во овој период има слабо развиено стопанство. Тоа го потврдуваат и патописните забелешки на Евлија Челебија од 1660 година, според кои населбата имала околу 600 куќи, џамија, медреса, ан, амам и одреден број на дуќани. Куманово станува административен центар на нахијата при крајот на XVI или почетокот на XVII век. Првите изворни податоци за населбата Куманово се споменуваат во 1519 година, од патописните дефтери во архивот на Република Турција во Истанбул каде е наведено дека во населбата има 52 семејства со околу 300 жители. Најопширни и најзначајни податоци дава Евлија Челебија во 1660 година кој напишал: „Населбата Куманово се наоѓа на територијата на Скопскиот санџак и претставува едно војводство. Градот е украсен со многу реки, закитен со 600 куќи, покриени со керамиди.“
Врз климатските одлики, односно различните вредности на метеоролошките елементи во Куманово, влијание имаат неколку фактори. Според географската ширина и близина на поголемите водени површини, се смета дека во Македонија се чувствуваат топли влијанија. Но, Куманово се наоѓа во северниот дел на Македонија, така што тие влијанија помалку се чувствуваат. До израз доаѓа релативната отвореност на релјефот, што овозможува навлегување на различни воздушни влијанија, особено по Моравско-вардарската долина со меридијански правец на протегање.

Според наведените одлики може да се заклучи дека вo Куманово се чувствуваат влијанија на топли и студени воздушни маси, кои условуваат во климатски поглед да се издвојат две годишни времиња, и тоа: студена и влажна зима и топло и суво лето. Од преодните годишни времиња поизразена е есента, понекогаш долга и топла што е одлика на умерено-континентална клима. На околните планини повеќе се изразени одликите на континенталната клима.
Во почетокот на XX век во Куманово живееле околу 14.530 жители.

Во повоениот период, градот забележал постојан раст на населението, посебно во временски период од 1961 до 1981 година кога населението двојно се зголемува.

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во градот Куманово, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во градот нема целосни податоци.

Според бројот на жители во 2002 година, Куманово претставува втор град по големина во Македонија (зад Скопје), додека Општина Куманово претставува најголема општина во Македонија.





































Comments

Popular posts from this blog

Опис на градот Охрид

Опис на градот Тетово