Опис на градот Тетово

ТЕТОВО
Тетово — град во северозападна Македонија, на падините на Шара, односно во долната Полошка Котлина. Тетово е седиште на истоимената општина која зафаќа простор од 87 км2, а заедно со новосоздадените општини коишто произлегуваа од неа и кои и ден денеска гравитираат кон неа, таа површина изнесува 1.053 км2. Тетово е град со богата иcторија, населен со повеќе етнички заедници.
Турците ги употребувале и формите Калкандели и Калканделе, а францускиот конзул Анри Пуквил го спомнува со формата Калканделук. Освен тоа, градот бил спомнуван и со формите Тетовен и Тетевен. Името Тетово, според една народна легенда, е сврзано со еден необичен настан од времето на турското ропство. Имено, во непосредна близина на градот, меѓу два рида, живеела голема змија од која се плашеле сите. Никој не се обидувал на страшната ѕверка да и излезе на мегдан. Само некојси Тето излегол храбар маж. Еден ден, наоружен со лак и стрела и со меч и штит, качен на својот брзоног коњ, тој се упатил кон загрозеното место. Кога стигнал таму, се појавила змијата и му го попречила патот. Тето не се уплашил. Го оптегнал лакот и со една стрела ја предизвикал ѕверката. Змијата почнала да реагира, испуштајки некаков глас. Разлутена, таа со голема брзина се упатила кон пленот. Но Тето бил бестрашен. Кога влекачот се доближил до него, тој замавнал со остриот и шилест меч и го пронижал. Така биле ослободени луѓето од страшилиштето, од опасната ѕверка. Излегол и стравот од нив, а преминот меѓу двата рида бил слободен и лесно прооден. Оттогаш, според легендата, местото каде што била убиена змијата со меч и штит, (калкан), било наречено Калкандели, а градот,(на турски), - Калканделен. Во сеќавање на јунакот Тето, пак, месното население населбата ја нарекло со името Тетово.
Поголем дел од Тетово се протега во рамничарско подрачје, а само помал дел, главно оној постариот, лежи на падините на Балтепе, брдо високо 806 метри. Апсолутната надморска височина на градот се движи меѓу 450 и 500 метри. Во последно време урбанистите прават напори градот да се шири кон планинското подрачје кое е благо издигнато и поволно за градски градежен реон.

Климата е средно континентална, со топли и релативни влажни лета, зимата ладна и снежна, пролет и есен со чести врнежи. Природните услови како климата, релјефот, геолошкиот состав на земјата, овозможиле во Тетовската околина да се појават многу извори на вода. Затоа, Тетово е еден од ретките градови во Македонија, кој има питка вода, вода за потребите на индустријата и вода за наводнување.








Comments

Popular posts from this blog

Опис на градот Охрид

Опис на градот Куманово